Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Etika i opshtestvena odgovornost (makedonski)". Rad ima 25 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
Содржина
Вовед
Учењето за етиката вклучува анализа на интересите на сите индивидуи кои што имаат удел во аутпутот од било која дилема или одлука.Учејки за деловната етика се наоѓаме сред просторија полна со натписи, случаи и други прилози, кои што ги употребуваме за да ги претставаме перспективите на сите стеикхолдери вклучени во одлучувањето.Овој текст се обидува да ги пронајде различните перспективи на етичко ниво.
Овој текст ги проучува традиционалните етички проблеми, обезбедувајќи многукратни перспективи за истите проблеми. Материјалите на оваа проектна задача вклучуваат:
Традиционални текстуални објаснувања!дефиниции/дискусии за новите идеи или предмети од историски или фундаментални перспективи ..
Копии од натписи , без разлика дали се стари, традиционални или од сегашните анализи.
Кратки примери случаи за кратки објаснувања на прашањата.
Опширни примери, случаи за анализи со суштински информации и водечки прашања.
Додатни нетрадиционални материјали како што се долги лирики, цитати од класични литератури, кратки стории, итн.
Фокусот на овој пристап е да ги охрабри читателите да ги отворат нивните глави кон варитетот на размислувања за секој даден проблем.Резултатот од овој пристап не е да ги убеди читателите дека нема вистински одговор на овие проблеми, туку да убеди дека сите перспективи на сите стеикхолдери се земени во предвид.
Понатаму, врските со сите страници на World Wide Web се обезбедени со слични маргинални дефиниции од други текстови. На овој начин, читателите можат да дознаат за перспективите на сите учесници со свои зборови, и ова овозможува проширување на анализите на стеикхолдерите.
Општо за етиката
Етиката и општествениот развој
Поимот етика потекнува од грчкиот јазик и значи карактер, обичај навика. Прашањата за етиката и моралот се објект на исклучителен интерес во рамките на деловната филозофија од истокот, а делумно и на конфучијанството кое се смета за највлијателно од трите основни филозофско религиозни правци на стара Кина.
Кога станува збор за моралот како основа на етиката која пак по својата суштина претставува збир на правила за регулирање на активностите на човекот во општеството не е нешто што автоматски се издигнува, односно произлегува од практиката, туку напротив постојат значајни истражувања кои укажуваат дека моралот се развивал со текот на времето, образованието и искуството. Токму во овој контекст постојат и повеќе пристапи и модели кои укажуваат на развитокот на моралот. Еден од тие модели е Лоренс Колберговиот модел на развиток на моралот. Во Колберговиот модел се разликуваат три степени на моралниот развиток и тоа:
предконвенционален стапен
конвенционален степен
постконвенционален степен на развој на моралот
Секој од овие три степени се издиференцирани со по две фази кои укажуваат на начинот на однесување на личноста во одделни периоди од животот. Во предконвенционалниот степен поединецот е окупиран со себе и најчесто нему му се наменети екстерни правила на однесување. Во првата фаза постапките на поединецот се оценуваат од аспект на потчинување и избегнување на казна. Во втората фаза е карактеристично тоа што поединецот е свесен за потребата од други, но сепак него го мотивира сопствениот интерес. Во вториот степен-конвенционалниот поединецот е спремен да ја согледа ситуацијата од аспект на пример на семејството, групата и слично. Притоа во третата фаза поединецот настојува да се вклопи во правилата на групата, го зема во предвид ставот на другите за одредена ситуација, а конфликтите ги решава со примена на тие правила. Во четвртата фаза, поединецот е икупиран со општествениот поредок и со неговите правила, истовремено користејќи ги правилата и законите како водич во конфликтните ситуации. Третиот степен-постконвенционалниот се карактеризира со тоа што законите и правилата на општеството се редифинираат во однос на општите морални принципи. Во петтата фаза од овој степен, поединецот поединецот ги смета за значајни моралните вредности и принципи, а конфликтните ситуации ги решава непристрасно со почитување на интересот на сите. Последната шеста фаза се карактеризира со тоа што поединецот своите постапки ги базира на општите етички принципи како на пример принципот на праведност, на еднаквост, на чесност и слично кои ги применува во секојдневното опстојување. Според тоа можеме да заклучиме дека Колберговиот модел на развиток на моралот укажува на фактот дека општествениот развиток влијае односно ја одредува моралноста и аналогно на тоа ја одредува етиката.
...
-----------------------OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU.--------------------------------------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!